Малдини го договорил трансферот на Милинковиќ-Савиќ во Милан
Директорот на Милан, Паоло Малдини има јасна идеја на кои позиции да го засили тимот на лето и веќе работи на нови засилувања.
Познатиот новинар Карло Пелегати, открива дека главна цела за засилување на средниот ред е Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио. Со оглед на фактот дека Милинковиќ-Савиќ на лето влегува во последната година од договорот Лацио ќе биде приморан да го продаде, но и неговата цена драстично ќе се намали.
Јувентус и Арсенал веќе подолго време го сакаат Србинот, но сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Милан.
Малдини имал средба со неговиот агент Матеја Кежман и постигнале начелен договор за 4-годишна соработка според која СМС ќе заработува 5,5 милиони евра по сезона.
Пелегати пренесува дека наскоро Милан ќе стави во контакт со Лацио, а трансферот би требало да изнесува околу 50 милиони евра.