Малдини: Не грижете се, работиме на нов договор со Леао

Спортскиот директор на Милан, Паоло Малдини излезе во јавноста со коментар околу судбината на Рафаел Леао кој се ушт ене го има продолжено договорот со клубот.

Португалскиот офанзивец кој е меѓу најдобрите играчи на „росонерите“ има договор со клубот до 2024 година и доколку не го продолжи лесно може да се случи на лето да си замине од „Сан Сиро“ по прифатлива цена за заинтереисраните клубови.

Паоло Малдини потврди дека во моментов не се предвидени средби со претставниците на играчот на кои би се дискутирало продолжување на соработката, иако тие работат на тоа.

„Работиме на нов договор за Леао. Двете страни сме на иста линија, а сега не е вистински момент да мислиме на потпишување на истиот. Во моментов не се закажани никакви средби, но лесно може тоа да се случи преку видеоповик“, изјави Паоло Малдини.