Малдини преговара со Лофтус Чик, уште еден Англичанец доаѓа на „Сан Сиро“

Милан е во напредни преговори со играчот за врска на Челзи, Лофтус Чик.
Милан е силно заинтересиран за Рубен Лофтус Чик, кој играше одлично против „росонерите“ во ЛШ и го привлече вниманието на Малдини.
26-годишниот играч за врска не добива голема минутажа во Челзи, па и самиот е спремен да ја промени средината. Челзи на лето ќе прави голема реконструкција, а Луфтус Чик е меѓу фудбалерите ставени на продажба.
„Росонерите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и двете страни постигнале начелен договор, објави новинарот Фабрицио Романо.