Малик Тиао на радарот на Баерн Минхен

Баерн Минхен внимателно ја следи ситуацијата со германскиот дефанзивец Малик Тиао, кој блеска во дресот на Милан.

21-годишниот Германец импресионира со своите настапи во последно време и веќе дебитираше за германската репрезентација. Тој минатото лето за само 5 милиони евра пристигна од Шалке и после шест месеци се броби во стартниот тим, а оваа сезона покажува одлични партии.

Тој се зацврсти во стартниот тим на „росонерите“, па веќе важи за еден од најголемите таленти.

Баерн ги следи неговите настапи, а „Калчомеркато“ пренесува дека Баварците се спремни да понудат 35 милиони евра за неговиот потпис.