„Малиот принц“ заминува во политика!
Клаудио Маркизио се одлучи да се проба и во друг вид на арена.
Играчот за врска кој порасна во Јувентус и помина 13 години бранејќи ги боите на „старата дама“, сака да се испроба и во политиката. Самиот Маркизио отсекогаш бил јасен и гласен околу своите ставови, протестираше против лошиот третман на имигрантите и се залагаше за спас и сместување на оние кои успеаа во намерата да го поминат Медитеранот.
„Да, сакам политика, зборувам за неа со пријателите на вечера или дома. Морам уште многу да учам, но време е да се пробам и надвор од спортот. Прв ќе станам и ќе речам ДА, доколку сум потребен на Пиемонт и Торино.“ – изјави Маркизио.
„Малиот принц“ не е прв од фудбалерите во Серија А кој ќе заплива во политичките води. Џани Ривера долги години беше дел од Сенатот, Кака Каладзе е градоначалник на Тбилиси, а легендарниот Џорџ Веа стана претседател на Либерија.