Малус е МВП на Купот на Македонија во ракомет

Ракометниот клуб Вардар 1961 го освои осумнаесеттиот пехар во Купот на Македонија, откако во финалето го победи Охрид (24-23).
По финалето беа доделени индивидуалните признанија, а тие заминаа во рацете на двајца ракометари. Јака Малус како најдобар стрелец на турнирот беше избран и за МВП, додека Кристијан Пилиповиќ од Охрид е најдобар голман.
Индивидуални признанија во Купот кај мажите:
МВП на турнирот: Јака Малус (Вардар)
Најдобар стрелец: Јака Малус (Вардар)
Најдобар голман: Кристијан Пилиповиќ (Охрид)
На двата натпревари против Алкалоид и Охрид словенечкиот бек Јака Малус постигна 17 погодоци.