Манасков постигна десет гола, Еурофарм Пелистер во вториот дел го „скрши“ Тиквеш

На Еурофарм Пелистер му требаше едно полувреме за да ги„запали моторите“ и да одигра според она како што знае и се очекува. Како „ладен дизелски мотор“ се загреа дури после 40 минути, за да може на крајот од средбата да каже дека е завршена работата, и победиле. Битолчани со 29-25 (12-11) триумфираа, но Тиквеш се покажа во одлично светло.

Во првиот дел, Еурофарм Пелистер и Тиквеш цело време беа рамо до рамо. Првакот во еден наврат избега на плус од два гола, кога беше 9-7, меѓутоа Тиквеш израмни на 9-9, а до паузата успеа да дојде и до гол позитива (11-12). Се играше во ист ритам до 19-18, кога Еурофарм Пелистер ги презеде работите во свои раце. Кога Дејан Манасков во 51 минута го постигна својот седми гол на средбата, а Еурофарм Пелистер поведе со 24-20 стануваше јасно дека бодовите ќе останат во Битола.

Дејан Манасков со десет гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Славчо Шулески постигна шест гола.

Во следното седмо коло Еурофарм Пелистер пред своите гледачи ќе го пречека Охрид.