Манасков со демант за неговиот премин во Динамо Букурешт

Македонскиот ракометен репрезентативец, Дејан Манасков, ги демантираше информациите дека заминува во Романија и од следната сезона ќе го облече дресот на Динамо Букурешт.

Манасков во моментот е на опоравување од тешката повреда, и јасно е дека по завршувањето на сезонава, тој ќе си замине од тимот на Веспрем, каде беше член изминативе пет години.

Не е познато каде Манасков ќе ја продолжи својата ракометна кариера, но самиот тој истакнува дека тоа нема да биде Романија и Динамо Букурешт.