Мане размислува експресно да се врати во Англија
По инцидентот во соблекувалната, ништо нема да биде исто во таборот на Баерн Минхен.
Според последните информации, ова лето Баерн Минхен ќе се обиде да издејствува трансфер на Сенегалецот Садио Мане, кој го смета за директен виновник за лошата атмосфера во клубот.
Англиските медиуми веќе тврдат дека тој е незадоволен од животот во Минхен и дека наскоро би можел да се врати во Минхен. Според неофицијални информации, тој сакал назад во Ливерпул, а „црвените“ би можеле да го откупат за половина од сумата за која го продадоа во Минхен.
Клоп во меѓувреме во Ливерпул донесе негова замена, пристигна Нуњез, тука е и Коди Гакпо, да не се заборави и Луис Дијаз, но сепак, мали би биле шансите за кам-бек на Мане во дресот на Ливерпул.
Исто така дел од медиумите тврдат дека и самиот Томас Тухел на лето ќе сака да се ослободи од Сенегалецот и на негово место да донесе соодветна замена.