Мануел Штрлек се врати во Загреб

Мануел Штрлек, повторно ќе го облече дресот на Загреб, откако по цели четиринаесет години се врати во клубот каде што ја започна својата кариера.
Легендарното лево крило зад себе има богата кариера, во која настапуваше за европски гиганти како Келце и Веспрем, со кои освои бројни титули, вклучувајќи го и трофејот во Лигата на шампиони во 2016 година.
Во последниот период Штрлек настапуваше за Нексе Нашице, од каде замина на позајмица во Фуксе Берлин, каде стигна до титулата во Бундеслигата и играше финале во Лигата на шампионите.
Неговото искуство во елитното европско натпреварување е импресивно – дури 17 сезони во Лигата на шампионите, со личен рекорд од 75 голови во една сезона, поставен со дресот на Веспрем.
Во репрезентацијата на Хрватска, Штрлек има 160 настапи и речиси 600 голови, а дури трипати беше избран во идеалниот ти