Ману Џинобили се врати во Сан Антонио

Легендарниот аргентински кошаркар Еманиуел Џинобили се враќа во организацијата на Сан Антонио Спарс каде настапуваше цели 16 сезони, а сега доаѓа во улога на посебен советник за кошаркарски операции.

Џинобили со Спарси освои четири титули во НБА лигата (2003, 2005, 2007, 2014), а во 1057 одиграни натпревари во најсилната лига на светот оствари дури 762 победи, односно имаше 72,1 отсто успешност постигнувајќи во просек 13,8 поени, 3,8 асистенции, 3,5 скокови и 1,32 освоени топки, а сега негова должност ќе биде развојот на млади играчи во тимот како на теренот, така и надвор од него.

Освен во дресот на Сан Антонио, Џинобили беше успешен и со репрезентацијата на Аргентина со коај во 2004. година во Атина го освои олимипиското злато, додека во 2008. во Пекинг беше сребрен.