Манчестер плаќа 100 милиони евра за Антони од Ајакс

Англискиот Скај Спортс пренесува дека Манчестер Јунајтед се согласи да плати обештетување од 100 милиони евра за доведување на Бразилецот Антони од Ајакс.
Клубот од Амстердам пред неколку дена ја одби понудата на Јунајтед од 90 милиони евра. Антони се очекува во текот на денот да пристигне во Манчестер на лекарски прегледи и да потпише долгорочен договор со клубот од Олд Трафорд.
Антони ќе биде најновото засилување на Манчестер Јунајтед ова лето, откако во клубот претходно пристигнаа Ериксен, Мартинез, Маласиа и Каземиро.