Манчестер Сити без Де Брујне против Ливерпул
Манчестер Сити ќе биде без Кевин Де Брујне за новата пресметка со Ливерпул, овојпат во полуфиналето на ФА Купот во сабота, пишуваат медиумите во Англија.
Белгиецот, кој настапува во одлична форма, доби удар во десната нога на натпреварот против Атлетико Мадрид во ЛШ, и мораше да го напушти теренот во вториот дел од средбата.
Според информациите од клубот, неговата повреда не е сериозна, но ќе мора да се опоравува околу десет дена, па нема да биде вклучен во тимот за дуелот со Ливерпул.
Де Брујне не се очекува да игра ниту против Брајтон следната среда, а се очекува да се врати за мечот против Ватфорд на крајот од идната недела.