Манчестер Сити го договори третото засилување

Ова лето ќе биде богато со трансфери во екипата на Манчестер Сити. Клубот ја одбрани шампионската титула во Премиер лигата, па сега се очекува голем напад на Лигата на шампиони.

Во тимот предводен од Пеп Гвардиола, веќе пристигнаа напаѓачите Ерлинг Халанд и Хулијан Алварез. Како трето засилување кое ќе биде наскоро објавено е ангажманот на Марк Кукуреља од Брајтон. 

23-годишниот фудбалер кој потекнува од школата на Барселона, ќе биде ново засилување на левата бековска позиција во Сити.