Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед во битка за потписот на Калвин Филипс

Според англиските медиуми, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед ќе влезат во сериозна битка за доведување на играчот на Лидс Јунајтед, Калвин Филипс. 

Одличните настапи во дресот на Лидс и во репрезентацијата на Англија, предизвикаа големо внимание кон 25-годишниот Филипс, па голема е веројатноста тој уште во јануари да се пресели во поголем клуб од Премиер лигата.

Според информациите постои  можност и екипата на Тотенхем да испрати своја понуда за играчот од средината на теренот. Тренерот Антонио Конте не ги крие своите симпатии кон фудбалерот и ќе се обиде да го вклучи во ростерот на својата екипа.