Манчестер Сити му нуди нов договор на капитенот Фернандињо

Англискиот шампион Манчестер Сити планира да го задржи во своите редови капитенот на екипата Фернандињо и следната сезона. 

Од клубот разгледуваат две опции, од кои едната е да му се понуди улога во стручниот штаб на тренерот Гвардиола. Постои и можност тој да потпише нов едногодишен договор за продолжување на играчката кариера.

Доколку Фернандињо остане да настапува уште една сезона во тимот, бразилецот би станал четвртиот играч на „граѓаните“ кои се задржале една деценија во клубот, по Винсент Компани, Давид Силва и Серхио Агуеро. 

Манчестер Сити го доведе Фернандињо од Шахтјор Доњецк во 2013 година, во трансфер вреден 30 милиони евра.