Манчестер Сити подготвува богата понуда за Јошко Гвардиол
Поедини фудбалски портали излегоа со информација дека хрватскиот фудбалер Јошко Гвардиол е на прагот да направи рекорден трансфер во Премиер лигата.
Според информациите, англискиот шампион Манчестер Сити е подготвен да испрати понуда до актуелниот клуб на дефанзивецот, РБ Лајпциг, во висина од 110 милиони евра и 20 отсто од неговиот следен трансфер. Најверојатно Сити ќе го откупи договорот на Гвардиол во зимскиот преоден рок, но ќе го остави фудбалерот да ја заврши сезоната во бундеслигашот Лајпциг.
Гвардиол пристигна во РБ Лајпциг во 2020 година од Динамо Загреб за 18,8 милиони евра.
Пред почетокот на Светското првенство во Катар имаше доста шпекулации дека тој во иднина ќе игра за лондонски Челзи, но сега во трката за негов потпис наводна предност има Манчестер Сити.