Манчестер Сити ќе се обиде да го доведе Хари Кејн во јануари
Шампионот на Англија, Манчестер Сити ќе направи уште еден обид за доведување на Хари Кејн во текот зимскиот трансфер период.
Популарните „граѓани“ веќе испратија неколку понуди за напаѓачот на Тотенхем изминатово лето но сите беа одбиени од пртседателот на клубот, Даниел Леви.
Сумата која Тотенхем ја бараше за Хари Кејн изнесуваше 150 милиони фунти кој беше превисока за тимот на Гвардиола и трансферот не беше реализиран. Сепак од Сити се надеваат дека можат да го доведат англискиот репрезентативец во јануари бидејќи тој сеуште нема потпишано нов договор со клубот од Лондон.