Манчестер Јунајтед без Сабицер против Барселона

На официјалната веб-страница на УЕФА се појави информација дека новото засилување на Манчестер Јунајтед, Марсел Сабицер нема да може да му помогне на својот нов тим на првиот натпревар од шеснаесеттинафиналето на Лигата на Европа против Барселона, кој е закажан за в четврток.

Сабицер доби трет жолт картон на последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите со Баерн и требаше да го пропушти првиот плеј-оф меч со ПСЖ, но по позајмица во Манчестер Јунајтед, суспензијата му е префрлена во Лигата на Европа.

Сепак, Касемиро ќе може да игра за Јунајтед против Барселона. Црвениот картон што го доби на натпреварот против Кристал Палас во Премиер лигата не важи за европските натпреварувања.