Манчестер Јунајтед во битка за доведување на Халанд

Медиумите во Германија излегоја со тврдење дека Манчестер Јунајтед ќе направи се за да ја доведе во своите редови звездата на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, во летниот трансфер период.

Клубот од „Олд Трафорд“ веќе има подготвени 75 милиони евра, колку што е висината на откупната клаузула во неговиот договор. „Црвените ѓаволи“ го посакуваа 21-годишниот Норвежанец уште пред тој да потпише за Борусија Дортмунд, меѓутоа не успеаја во намерата да го убедат да дојде во Манчестер.

Конкуренцијата за потписот на Ерлинг Халанд ќе биде огромна ова лето, бидејќи освен интересот од Манчестер Јунајтед, понуди за негово доведување би требало да достават и од Барселона, Челзи, Манчестер Сити, и други.

Младиот Халанд кој во моментов се опоравува од повреда, за екипата на Борусија Дортмунд има постигнато 70 гола и 19 асистенции на 69 натпревари.