Манчестер Јунајтед го официјализира новиот менаџер Рубен Аморим
Рубен Аморим е новиот тренер на Манчестер Јунајтед, соопшти денеска трикратниот европски шампион.
Како што е објавено на клупската веб-страница, 39-годишниот Аморим потпишал договор со челниците на „црвените ѓаволи“ до јуни 2027 година, со опција за продолжување на договорот на уште една сезона.
„Рубен Аморим ќе му се приклучи на нашиот клуб во понеделник на 11 ноември. Рубен е еден од највозбудливите и најценетите млади професионалци во Европа. Освои трофеи и како играч и како тренер“ – пишува во соопштението на клубот и се додава дека до доаѓањето на Португалецот, Јунајтед од клупата на следните три натпревари ќе го води Руд ван Нистелрој, кој беше назначен за привремен тренер по отказот на Ерик Тен Хаг.