Манчестер Јунајтед го следи Фергусон од Брајтон

Младиот напаѓач на Брајтон и на ирската репрезентација, Еван Фергусон, го привлече вниманието на Манчестер Јунајтед.

18-годишниот Ирец, стана интересен за клубот од „Олд Трафорд“ после неговите одлични партии во дресот на Брајтон оваа сезона, за кого на 16 натпревари постигна седум голови. Тој неодамна го забележа и својот прв погодок за ирската репрезентација.

Фергусон има договор со Брајтон до 2026. година, меѓутоа евентуалната добра понуда од Манчестер Јунајтед би била прифатлива за првите луѓе на клубот.