Манчестер Јунајтед е сонот на Рахим Стерлинг
Крилниот напаѓач на Челзи, Рахим Стерлинг сака да се обиде да замине во Манчестер Ј. до крајот на летниот преоден рок. Според сите информации, тој е веќе со една нога надвор од „Стемфорд Бриџ“, но засега нема конкретен план каде ќе ја продолжи кариерата.
Според неколку извори, оваа недела 29-годишниот Англичанец ќе добие неколку можни опции за продолжување на кариерата. Стерлинг наводно посакува да замине во Манчестер Јунајтед доколку има конкретен интерес од „цеврените ѓаволи“. Во моментов играчот од средниот ред не преговара со ниту еден клуб.
Договорот на Стерлинг со Челзи е до летото 2027 година. Се очекува „сините“ од Лондон за него да бараат околу 35 милиони евра, но сумата може да оди и надолу со оглед на тоа што преодниот рок привршува, а Челзи гледа да се ослободи од него