Манчестер Јунајтед заинтересиран за ветеранот Џеко
Според пишувањата на Калчо Меркато, фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го привлече напаѓачот на Интер, Един Џеко.
Раководството на „црвените ѓаволи“ и тренерот Тен Хаг се во потрага на голгетер кој ќе го замени Кристијано Роналдо кој го напушти клубот и остави празнина на таа позиција во тимот.
36-годишниот босански ветеран има договор со Интер до летото 2023 година, и можно е да пристигне во Јунајтед за поволна цена. Претходно е објавено дека екипата од Олд Трафорд е зинтересирана и за напаѓачите Вут Вергхорст и Венсан Абубукар.
Одлуката за тоа кој од овие напаѓачи ќе потпише договор со Манчестер Јунајтед се очекува во наредните денови.