Манчестер Јунајтед на голмански крстопат – Мартинес или Ламенс?

Со само неколку часа до крајот на летниот преоден рок, Манчестер Јунајтед ги забрзува преговорите за ангажман на нов голман. Клубот интензивно работи на неколку фронта во обид да ја зајакне позицијата која досега беше слаба точка во тимот.
Голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинес, светски шампион со Аргентина, јасно ја изразил својата желба да се приклучи во проектот на Олд Трафорд. Според извори блиски до преговорите, договорени се личните услови со играчот.
Во исто време, напредуваат преговорите и со белгискиот голман Сен Ламенс од Ројал Антверп. 23-годишникот се смета за долгорочна инвестиција со голем потенцијал. Двата клуба, исто така, се блиску до договор.
Иако Јунајтед покажува интерес за двајцата голмани, од клубот најавуваат дека ќе донесат само едно засилување пред истекот на рокот. Ламенс е прва опција поради својата возраст и потенцијал, но Мартинес останува сериозна алтернатива доколку преговорите со Антверп пропаднат.
Со оглед на тоа што времето истекува, а актуелните опции меѓу стативите се под лупа, Јунајтед е пред клучна одлука што веројатно ќе го одреди текот на нивната сезоната.