Манчестер Јунајтед подготви 115 милиони фунти за Камавинга

Медиумите од Англија пренесуваат дека челниците на Манчестер Јунајтед подготвуваат понуда од 115 милиони фунти за ангажман на фудбалерот Едуардо Камавинга од Реал Мадрид.
Како причина за испраќање на понуда за Камавинга се споменува повредата на Кристијан Ериксен и неговото отсуство во тимот од Олд Трафорд, кое остава празнина во средниот ред на екипата.
Доколку францускиот играч за врска пристигне во Манчестер Јунајтед тогаш тој ќе му се придружи на неговиот поранешен соиграч Касемиро кој летово пристигна во англискиот клуб.
Според тренерот на Јунајтед, Тен Хаг, 20-годишниот Камавинга би можел да биде долгорочна инвестиција и ќе игра на местото од Марсел Сабицер кој сега настапува како позајмен играч во тимот.