Манчестер Јунајтед се насочува кон купување на Јури Тилеманс

Уште од поодамна е познато дека екипата на Манчестер Јунајтед е во сериозна потрага по играч кој би бил засилување за средината на теренот.

Според информациите, Јунајтед е заинтересиран за англичаните Деклан Рајс и Калвин Филипс кои импресионираат со своите игри во Вест Хем и Лидс Јунајтед. Меѓутоа од Олд Трафорд се загрижени дека нивното доведување ќе претставува проблем поради превисоката цена која нивните клубови ја определија за нивна продажба, посебно за Деклан Рајс која надминува 100 милиони фунти.

Поради овие причини, изгледни се шансите „црвените ѓаволи“ да се насочат кон доведување на играчот за врска на Лестер, Јури Тилеманс, кој според последните изјави е спремен да направи промена во својата кариера.

 Договорот на 24-годишниот Белгиец со „лисиците“ истекува во летото 2023 година, а од Манчестер Јунајтед веруваат дека зделката би можела да биде склучена за околу 40 милиони фунти.