Манчестер Јунајтед се распрашува за Ливаковиќ

Доминик Ливаковиќ блескаше на Светското првенство во Катар и за очекување е ова лето да направи трансфер. Последните информации од Островот се дека Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за голманот на Динамо Загреб.
„Црвените ѓаволи“ се во потрага по нов голман бидејќи иднината на Де Геа на „Олд Трафорд“ не е сигурна, а прв избор е токму Ливаковиќ.
Динамо Загреб за неговата слобода бара 10 милиони евра, сума која нема да биде проблем за англискиот гигант.