Манчестер Јунајтед спремил 100 милиони фунти за Винисиус Жуниор

Во Манчестер Јунајтед постоела голема желба за доведување на младата ѕвезда на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор.
Според шпанските медиуми, клубот од Олд Трафорд наводно веќе имал обезбедени 100 милиони фунти за доведување на 21-годишниот Бразилец.
Жуниор кој игра во одлична форма за „кралскиот клуб“ би претставувал одлична инвестиција за иднината на Јунајтед доколку овој трансфер доживее реализација.