Манчини ги отвори „картите“, Распадори дебитант кај „аѕурите“

Напаѓачот на Сасуоло, Џакомо Распадори го доби првиот повик за италијанската репрезентација. 21-годишниот фудбалер е дел од прелиминарниот состав на Италија за Европското првенство ова лето. Селекторот Роберто Манчини го објави списокот на своите избраници од кои седум фудбалери ќе бидат елиминирани на конечниот список од 26 играчи, кој мора да биде објавен до 1 јуни. Распадори е во одлична форма и постигна четири гола на последните пет натпревари во Серија А. Тренинг кампот на Италија ќе биде активен од 24 мај, а првата контрола пред Евро 2020 е против Сан Марино на 28 мај во Каљари. Последната проверка пред почетокот на Европското првенство е против Чешка на 4 јуни во Болоња. Италија на ЕП е во група со репрезентациите на Турција, Швајцарија и Велс.