Манчини: Италија се уште не е во финалето

Италија се уште не е во финалето, предупреди италијанскиот селекторт Роберто Манчини на последната пресконференција воочи полуфиналето на Европското првенство против Шпанија.

„Ќе биде тоа тежок натпревар, баш како и против Белгија.“ – истакна Манчини додавајќи:

„Шпанија е извонредна во последните неколку години, има многу млади игрчаи и одличен тренер.“

Го коментираше и фактот дека многу италијански новинари и стручњаци веќе ги гледаат Азурите во финалето.

„Италија се уште не е во финале. Нема да биде лестно, треба да одиграме одличен натпревар. Шпанија е врвна репрезентација, во полуфинале сме, па нема да биде така лесно.“

Манчини призна дека воочи полуфиналето постои одредена напнатост, но „во тоа е убавината на овие предизвици.“ Сепак, тој жали што на трибините нема да има поголем број италијански навивачи.

„Подобро е да се игра пред полн стадион, бидејќи тоа е убавината на фудбалот.“