Манчини наскоро ја напушта селекторската функција

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Роберто Манчини проговори за емоциите од селекцијата за СП 2022 година и призна дека размислувал да си замине од функцијата.

„Мораме да ги прифатиме поразите, дури и ако се толку тешки, и да почнеме од почеток. Во текот на селекцијата постојано бевме пред Швајцарија, доминиравме на мечот во Базел. Втората средба со нив во Рим беше малку потешка, но не реализиравме пенал во 89. минута… На натпреварот со Македонија примивме гол во 94. минута, отпаднавме од плеј-офот. Желбата за тренирање е секогаш тука. Дали размислував да заминам? Кога работите ќе тргнат наопаку, јасно е дека одговорноста е на тренерот, па да, размислував за тоа“, беа зборовите на селекторот Манчони за „Газета дело Спорт“.