Манчини неочекувано поднесе оставка, Италија во Скопје доаѓа со нов селектор
Многу неочекувана вест стигна од фудбалската репрезентација на Италија. Роберто Манчини без никакви индикации, реши да ја напуштил селекторската позиција.
Селекторот кој ја предводеше својата земја до европската титула во 2021 година, но не успеа да се квалификува на Светското првенство во Катар во 2022 година, изненадувачки пред септемврискиот циклус квалификации за ЕП 2024 решил да си замине од позицијата.
Тоа значи дека Италија на мечот со Македонија во Скопје доаѓа со ново селекторско име.