Манчини потврди, Италија во потрага по нов селектор

Италија по Светското првенство идната година во Катар ќе мора да бара нов селектор. Тоа го потврди лично актуелниот селектор на „Азурите“ Роберто Манчини, во изјава за ТикиТака.
„По Светското првенство во Катар ќе го напуштам местото селектор на Италија. Сакам да се вратам на клупскиот фудбал.“ – изјави Манчини под чие водство Италија обезбеди пласман на Европското првенство со максимален учинок од 10 победи во квалификациите.
Тој типуваше и на своите фаворити, кога наследникот е во прашање.
„Што се однесува на наследник, мислам дека Алегри, Анчелоти или Гасперини ќе биде вистински избор.“ – смета 56-годишниот Манчини, кој во текот на тренерската кариера ги водеше Фиорентина, Лацио, Интер во два наврати, Манчестер Сити, Галатасарај и Зенит, пред да ја преземе репрезентацијата во мај 2018. година.