Манчини пред предавство: Легендата на Лацио преговата да ја преземе Рома
Раководството на Рома започна преговори со Роберто Манчини. Во недела се очекува клубот да го ослободи досегашниот тренер Иван Јуриќ, кој не ги оправда очекувањата откако го презеде тимот на почетокот на сезоната.
Според „Газета дело Спорт“, Јуриќ ќе биде сменет од функцијата без разлика на резултатот против Болоња во недела.
Јуриќ во досегашните единаесет натпревари на чело на Рома забележа четири победи, три нерешени и четири порази.
Роберто Манчини од неодамна е без работа, откако беше отпуштен од Саудиска Арабија, каде беше селектор н анационалниот тим. Еден од условите кои специјалистот ги постави пред раководството на Рома е да добие договор на минимум две години.