Манчини пред промоција за селектор на Италија

Роберто Манчини повторно ќе седне на клупата на италијанската репрезентација.

Манчини постигнал конечен договор со челниците на Италијанската фудбалска федерација и наскоро ќе биде официјално претставен како нов селектор на Аѕурите.

Манчини последен пат работеше во катарскиот Ал-Сад, од каде што си замина пред околу месец и половина. Италијанската репрезентација ја предводеше од 2018 до 2023 година, а најголемиот успех го постигна во 2021 година, кога ја донесе до европската титула по победата над Англија во финалето на ЕП.