Манчини типува на светска титула за Аргентинците

Роберто Манчини пред неколку дена призна дека се уште го прогонува поразот од Македонија од месец март и се уште не може да се помири што Италијанците ќе гледаат уште едно Светско првенство преку ТВ приемниците, второ во низа по огромното разочарување кое го доживеаја пред четири години.

Италијанскиот селектор верува дека е време за титула на Меси и сите останати аргентински фудбалери, од кои останал импресиониран на последната пресметка која ја одиграа на „Вембли“ (гаучосите славеа 3-0).

„Има многу силни тимови на Светското првенство, таму се најдобрите. Ако треба да изберам само еден, ќе речам Аргентина. Навистина многу ме импресионираа кога игравме против нив на Финалисима“, порачува Манчини.