Манчини ја презема Рома од следната сезона?

Поранешниот италијански селектор Роберто Манчини фигурира како прв фаворит за преземање на тренерската функција во Рома следната сезона, пишуваат медиумите на Апенините.
Спортскиот директор на „волчицата“, Флоран Гизолфи наводно добил потврда од сегашниот тренер Клаудио Раниери дека ќе ја напушти функцијата на крајот на сезоната Раниери се врати од пензија за да му помогне на саканиот клуб.
Изминативе денови се интензивираа шпекулациите дека Рома преку претставници на клупските челници стапила во контакт со поранешниот тренер на Интер со намера да му го довери раководењето на тимот следната сезона.
Одлуката да се фокусира на Роберто Манчини произлегува од желбата на раководството на Рома да му го довери тимот на домашен тренер со искуство во Серија А и на меѓународно ниво.
Манчини е без работа откако се раздели со репрезентацијата на Саудиска Арабија минатата есен.
За него, работата во Рома би била негова прва во клупскиот фудбал по осум години, кога го предводеше рускиот клуб Зенит Во текот на неговата тренерска кариера, Манчини постигна бројни успеси, вклучително и освојувањето на Премиер лигата со Манчестер сити во 2012 година и титулата Европски шампионат со Италија на ЕП во2020 година.
Последниот ангажман на Манчини во Серија А беше во Интер, кој го напушти летото 2016 година. Од италијанските клубови ги водеше и Лацио и Фиорентина.
Со Интер, тој во три наврати го освои Скудетото, а додаде и два трофеи во Копа Италија и еден во Суперкупот. Тој исто така освои по една титула во Копа Италија со Лацио и Фиорентина.