Манџукиќ се враќа во Серија А?
Според пишувањата на бројни италијански медиуми, Милан е во преговори со Марио Манџукиќ. Хрватскиот напаѓач веќе подолго време бара клуб во кој би се вратил во Европа, а Милан се чини како добра опција.
Наводно, Малдини веќе го договорил доаѓањето на Манџукиќ, а хрватскиот интернационалец ќе потпише договор до крајот на сезоната вреден 2 милиони евра, со можност истиот да биде продолжен на уште една сезона.
Исто така, медиумите во Италија јавуваат дека Милан договори уште едно засилување, во името на Суалихо Меите, играчот за врска на Торино, кој во Милано ќе пристигне како позајмен играч со опција клубот да го задржи, доколку се истакне во пролетниот дел од сезоната.