Марек Хамшик направи трансфер како на „Фудбал менаџер“!
Марек Хамшик се врати во Европа. Легендарниот словачки фудбалер и официјално стана нов член на шведскиот клуб Гетеборг.
На официјалниот сајт на клубот е потврдено дека Хамшик потпишал договор на шест месеци до 30. август 2021. година.
Марек Хамшик е легенда на Наполи, за кој настапуваше од 2007. до 2019. година, кога одлучи да се пресели во Кина и да го облече дресот на Далиан.
Во Наполи испиша историја со 121 погодок и 100 асистенции на 520 натпревари.
„Пресреќен сум што сум овде, дојдов и пријатно сум изненаден со условите за работа. Едвај чекам да им се придружам на новите соиграчи и да ги запознаам. Имам краток договор, но ќе дадам се од себе да и помогнам на екипата да ги оствари своите цели.“ – вели Хамшик.