Мареска без Каиседо во финалето на Светското клупско првенство

Тренерот на Челзи, Енцо Мареска откри дека Моисес Каиседо имал болки по повредата на глуждот за време на победата на неговиот тим против Флуминензе во полуфиналето на Светското клупско првенство.

Тимот на Мареска сега ќе игра против Пари Сен Жермен или Реал Мадрид во финалето на Светското клупско првенство во недела, но прашање е дали Каиседо ќе биде во тимот.

Еквадорскиот репрезентативец доби лекарска помош на теренот и се обиде да го доигра натпреварот, но 23-годишникот очигледно се мачеше да се движи и беше виден со мраз на глуждот по завршувањето на натпреварот.

“Тој чувствуваше дека може да го доигра мечот, се обиде, но почувствува болка. Засега не знаеме ништо. Се надевам дека ќе биде подготвен во недела, ќе видиме“, изјави Мареска.