Мареска наговести како ќе игра со новиот Челзи
Фудбалскиот тренер, Енцо Мареска, кој од летово седи на клупата на Челзи, се осврна на дел од споредбите со шпанскиот стручњак , Пеп Гвардиола, кој го води Манчестер Сити. Италијанецот работеше како помошник на Гвардиола во таборот на „граѓаните“.
„Кога дојдов во Лестер и се сретнав со претседателот и спортскиот директор, тие рекоа: „Сакаме да играме исто како што игра Сити“. Им реков: „Имаме различни играчи а јас сум различен тренер“ – потенцираше Мареска.
„Така беше и кога дојдов во Челзи. Реков: „Имам идеи но, на играчите им треба време да ги разберат “, нагласи Италијанецот за медиумите во Англија.