Мареска: Ни недостига среќа во клучните моменти

Менаџерот на фудбалерите на Челзи, Енцо Мареска, вели дека неговиот состав заслужил да победи на мечот со Бурнмаут кој заврши нерешено 2-2. По средбата одиграна на стадионот – „Стемфорд Бриџ“, домашниот тренер направи кратка анализа.
„Мислам дека заслуживме многу повеќе особено во првото полувреме. Тоа е фудбалот. Се разбира, најважно е да создаваме шанси. Денес примивме гол од пенал, тоа треба да се поправи. Се надевам дека ќе имаме повеќе среќа во иднина”, потенцираше тренерот на „сините“.