Мареска: Погрешија сите што го критикуваа Челзи

Менаџерот, Енцо Мареска, им возврати на критичарите на Челзи откако „сините“ обезбедија место во Лигата на шампионите по триумфот кај Нотингем Форест.

„Не се сомневав во фудбалерите. Сите велеа дека сме премногу млади, дека не сме доволно добри, дека чекаат Астон Вила да изгуби бодови за да можеме да се квалификуваме за Лигата на шампионите.

За жал за нив, сите грешеа затоа што играчите го заслужуваат тоа. Напорите што ги вложија се фантастични“, рече тренерот на лондончани.