Мареска: Челзи беше подобар ривал на овој меч

По вчерашното реми со Арсенал во дербито на колото, менаџерот на Челзи Енцо Мареска изјави дека е горд на своите играчи.
„Благодарение на напорите на играчите дојдовме до овој резултат. Арсенал е лидер во Премиер лигата, лидер во Лигата на шампионите, ја има најдобрата одбрана во Премиер лигата и веројатно најдобрата во Лигата на шампионите. Тоа значи дека тие се најдобриот тим во моментов. И 11 на 11, игравме подобро од нив“, рече главниот тренер на Челзи.
Челзи со овој бод дојде до третото место на табелата со бод заостанување зад Манчестер Сити.