Мареј најави пензија на крајот од годиата
Поранешниот светски рекет број 1, Енди Мареј, призна дека
најверојатно ќе ја заврши кариерата на крајот на летото. Британецот е во лоша форма во последните месеци и не може да постигне добар
резултат на поголемите турнири. 36-годишниот Мареј вчера загуби од Французинот Уго Умберт со 2-6, 4-6 во натпревар од второто коло во
Дубаи.
„Најверојатно ќе завршам со тенисот есенва. Ова ме прашуваат после
секој натпревар и ми се гади од тоа. Нема да зборувам за тоа од сега
додека не завршам со играње“, изјави Мареј по поразот.
Тој не прецизираше на кои турнири планира да учествува, но сигурно
ќе игра на Вимблдон, а можеби и на Олимпијадата во Париз.