Марио Хезоња е нов кошаркар на Реал Мадрид

Кошаркарскиот клуб Реал Мадрид објави дека Хрватот Марио Хезоња е нов играч на екипата.
Клубот од Мадрид го обезбеди потписот на Хезоња само неколку дена откако беше објавено дека тој не е повеќе член на рускиот Уникс.
Хрватскиот кошаркар имаше одлични настапи во дресот на Уникс со кои ги заинтересира најдобрите клубови од Европа. Пред Уникс, тој играше во Панатинаикос, а пред настапот во НБА, беше член и на Барселона.