Марио Хермосо потврди дека заминува од Мадрид

Стоперот на Атлетико Мадрид, Марио Хермосо нема да потпише нов
 договор и ќе ги напушти „јорганџиите“ на крајот од сезоната.
 Шпанскиот дефанзивец донел одлука да ги прекине сите преговори со Атлетико, кој исто така се откажа од него и Диего Симеоне прифати
 да остане без него. Ова секако не е најдоброто решение за Атлетико,
 Хермосо има 28 години и ќе си замине без обештетување, а воедно
 беше и важен играч во одбраната во изминатите години.
 Хермосо пристигна во Атлетико Мадрид во летото 2019 година од
 Еспањол за 25 милиони евра, а интересно е што израсна во
 академијата на Реал Мадрид.
 Хермосо одигра 165 натпревари за Атлетико, постигна 10 гола и
 забележа пет асистенции, учествуваше и во освојувањето на титулата
 во 2021 година.