Марио Хермосо: Чест ми е што Реал се интересира за мене

Марио Хермосо, не ја исклучува можноста за враќање во Ла Лига. Централниот дефанзивец го напушти Атлетико Мадрид по крајот на минатата сезона, а во последните денови се зборува дека Реал Мадрид покажува интерес за него.

„Читав дека сум меѓу фудбалерите кои Реал ги следи по повредата на Едер Милитао. Многу пријатели ме прашуваат за тоа. Тоа не е првпат. Секогаш е голема чест кога те поврзуваат со најголемите клубови. Тренирав во академијата на Реал Мадрид и сум благодарен за сè што научив таму“, изјави Хермосо.

„Бев во академијата на Реал Мадрид и сум благодарен за сè што придонесоа за мојот развој“, истакна тој за „АС“.

„Не успеав да се етаблирам на „Сантијаго Бернабеу“, но добив можност да преминам во Еспањол. Горд сум на тој период. Во академијата на Реал има момци со огромен потенцијал. Се надевам дека ќе добијат шанса и ќе ја искористат“, сподели 29-годишниот дефанзивец.

„Најголемиот дел од мојата кариера го минав во Шпанија. Го сакам фудбалот што се игра во Ла Лига. Секогаш е полесно да си во својата земја. Не ја исклучувам можноста еден ден да се вратам“, додаде Хермосо.