Марио Хила од Лацио се договори да го засили Милан

Милан оваа сезона е блиску до обезедување на билет за ЛШ и веќе почна да се подготвува за следната сезона.

Приоритет ќе биде засилувања на сите линии од тимот, а медиумуте тврдат дека е постигнат договор за засилување во дефанзивата.

Станува збор за дефанзивецот на Лацио, Марио Хила кој одигра одлична сезона и се промовира во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А.

Неговата цена е 30 милиони евра, но влегува во последната година од договорот, па Лацио е во проблем затоа што ако не го продаде ова лето, ризикува од јануари да бара нов клуб целосно бесплатно.